Loading Video...
Македонија
6. April 2020 - 19:57

75 илјади граѓани на Македонија добиле друг пасош во последните 10 години

За 10 години 75.000 македонски граѓани земале европски пасош- покажуваат податоците на Евростат. Во 2018 биле издадени 7.637 странски државјанства на наши граѓани, односно 450 помалку споредбено со 2017.

Бројките покажуваат дека најмногу државјанство земале оние кои живеат во Италија.

Број на издадени странски државјанства на македонски граѓани во 2018 година:

Италија - 3.487

Швајцарија- 1.606 

Германија- 945

Според демографот Дончо Герасимовски бројот на иселени лица е многу поголем. Една од причините е  бидејќи земјава не води евиденција за тоа колку граѓани купиле билет во еден правец.

Од соседството  за две години најмногу се иселиле Албанците- 47.441 лица. Потоа е Србија со  8.693 и Косово 7.979 иселени лица. Освен во Италија Швајцарија и Германија, балканците сакаат да живеат и во Австрија и Шведска.