61 поен на Лилард во победата на Портлад над Далас
Демијан Лилард ја одбележа вечерта во НБА лигата, постигнувајќи 61 поен во победата на Потланд над Далас со 134-131, со која „Трејлблејзерси“ остануваат во најповолна ситуација за последното осмо место во Западната конфенерција кое носи плас,ман во плејофот.
Покрај Лилард, значајна улога одигра и ветеранот Кармело Ентони кој на 26-те поени придодаде и 8 скокови, додека кај Далас, Порзингис постигна 36, а
Дончиќ нпокрај 25-те поени имаше и 10 асистенции и 8 скокови
Портланд, има победа повеќе од Мемфис и Феникс односно две повеќе од Сан Антонио, тимови кои исто така сеуште се надеваат на плејофот.
Мемфис беше единствениот тим од оваа четворка кој загуби и тоа од Бостон со 122-107, додека „Санси“ славеа во дуелот против Филаделфија со 130-117, а Сан Антонио го победи Хјустон со 123-105.
До крајот на регуларниот дел остануваат уште три дена, во кои овие екипи ќе одиграат уште по еден натпревар и тоа, Мемфис против Милвоки, Феникс за противник ќе го игра Далас, Сан Антонио ќе се судри со Јута, а Портланд ќе се сретне со Бруклин.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар