Loading Video...
Свет
30. November 2019 - 21:39

50 лица загинаа, а над 2000 лица се повредени во катастрофалниот земјотрес кој во вторникот ја стресе Албанија

50 лица загинаа, а над 2000 лица се повредени во катастрофалниот земјотрес кој во вторникот ја стресе Албанија. Во Тирана оштетени се 1465 објекти, а во Драч 900. Ова се официјалните бројки од штетите откако албанскиот премиер Еди Рама информираше дека спасувачката акција заврши. Рама не можеше да ги задржи солзите додека ги читаше имињата на загинатите. На 4000 луѓе кои останаа без покрив над глава, премиерот им вети побезбедни домови следната година.

Владата одлучи на семјествата кои ги загубија своите најблиски да им додели  околу 8,500 евра, а ќе бидат покриени и трошоците за погреб. Сакам да им се заблагодарам на сите екипи кои учествуваа во спасувањето. Засега во хотели сместени се 2.472 лица.

По земјотресот од 6,4 степени според Рихтер, следуваа уште 300 помали потреси во Албанија. Уште еден го погоди Драч со јачина од 5 степени според Рихтер. Сит балкански земји, но и пошироко испратија екипи на терен  Во процесот на проценка на стабилноста се вклучени експерти од Грција, Франција, Италија, Унгарија, Бугарија, Литванија,Летонија, а следна недела треба да испрати и Македонија.