Бизнис
17. January 2020 - 16:51

5 модели за трансфер на работници од јавниот во приватниот сектор

Трансфер на вработените од јавниот во приватниот сектор за повисока плата, каде придонесите ќе ги плати државата. Ова е само еден од 5 те модели кои ги понуди министерот за информатичко општество за вишокот вработени административци, по консултации со бизнис  секторот и синдикатите. Манчевски вели дека  платите во државниот сектор не се толку атрактивни како во  приватниот, особено за дефицитарниот кадар кој се бара на пазарот на труд

- Конкретно сега ми кажаа стопанските комори дека недостигаат градежни работници на пазарот, а платите кои им се нудат постојано се во пораст изминативе 2 години Сега градежник зема 40.000 денари плата, а овде во државната админстрација знаете дека платите не се баш високи, изјави Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество

2 модел е преквалификација на кадарот за оние струки од кои пазарот има потреба, ќе се дава и отпремнина за тие кои самоволно сакаат да си заминат од административната фотеља, која  сума дополнително ќе се утврдува. Вработените ќе се преквалификуваат и за внатрешните потреби во самата администрација

- Има огромен недостаток на инспектори. Во моментов  во цела држава има само 1,000 инспектори. Од дуга страна има 23 инспекциски служби кои треба да се намалат на 13, додаде Манчевски

Последниот модел е јавно приватно партнерство,каде одредени институции со шалтерски работници би се дале под концесија на приватна фирма. Се уште се сумираат податоци колку администратиовци ќе бидат вишк, а конкретни резултати се очекуваат за еден месец. Услов за укинатото работно место ќе биде во наредните години да не се отвори истото.