Македонија
2. April 2020 - 14:40

44 годишен скопјанец позитивен на корона вирус наместо во самоизолација се шета низ Охрид

44 годишен скопјанец позитивен на коронавирус наместо во самоизолација се шетал низ Охрид.По медицинскиот наод дека е заболен  тој, самоиницијативно, не почитувајќи ги медицинските препораки за строга самоизолација, се упатил во неговиот стан во Охрид. Притоа, непречено се движел а бил и  во службените простории на еден оператор по што, во станот примил вработени кои му ја извршиле договорената услуга.

Скопјанецот на 13 март кога пристигнал од Австрија потпишал изјава за самоизолација,  и со сопствено возило се упатил во Охрид .Портпаролото на СВР- Охрид Димоски наави дека два пати во денот се врши контрола во неговиот стан и оневозможени  му се   понатамошни контакти со други лица .

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 44-годишен скопјанец.