Loading Video...
Свет
15. August 2022 - 16:33

42 земји, меѓу кои и Македонија, бараат Русија да ги повлече своите војници од нуклеарната централа Запорожје

42 земји меѓу кои и Македонија потпишаа изјава во која ја повикуваат Русија да ги повлече своите вооружени сили од украинската централа Запорожје, потенцирајќи дека ги спречуваат украинските власти да ги исполнат обврските за нуклеарна и радијациска безбедност.  

Во последените неколку недели зачестија гранатирањата околу централата за кои Моксва и Киев меѓусебно се обвинуваат.

Инаку денеска е 173 ден како се води војната во Украина. Москва објави дека нејзините сили зазеле стратешки позици во регионот на Доњецк а властите во Киев велат дека успеваат да одбијат многу од нападите. Истовремено објавија дека во битка загинал еден од најдобрите украински пилоти Антон Листопад.