Loading Video...
Фудбал
4. јуни 2020 - 19:14

33 години „Комити“

Фановите на Вардар популарните Комити денеска прославуваат 33 години постоење, тоа е истиот датум кога ракометарите на Вардар пред три години ја освоија првата европска титула. 
„Верни на ИДЕАЛИТЕ, ВАРДАР И ДРУГАРИТЕ!“. е мотото под кое  комитите го слават 4 јуни кога официјално се развеа знамето  на навивачката група Комити која постојано го бодреше ФК Вардар но учествуваше и во успесите на останатите вардарови екипи во црвено-црна боја како што е двократниот европски првак, ракометниот клуб Вардар. 
Името Комити кажува многу, доминантна сила зад која стои македонскиот народ. Вардар е клуб за кој навиваат сите Македонци од цела Југославија но и дијаспората. Победите на Вардар го одржуваат македонскиот идентитет. Името Комити е препознаено уште пред 33 години се вели во обраќањето до јавноста на вардаровата навивачка група. 
На денешен ден пред три години ракометарите на Вардар во Келн ја освоија првата европска шампионска титула откако во финалето забележаа историска победа против ПСЖ од 24-23 со голот на Иван Чупиќ  и донесоа голема јавност за македонската спортска јавност. 
Денеска Вардар и официјално го смени сопственикот и со основачки капитал од 25 илјади евра и ново име Вардар 1961 ќе продолжи во европската елита со надеж на нови успеси и трофеи.  Предводени од претседателот Михајло Михајловски црвено црните полека креираат силен тим со квалитетни засилувања како замена на оние кои заминаа од клубот. Како последно име се споменува српскиот бомбардер Марко Вујин кој настапуваше за португалскиот Спортинг.