Македонија
28. September 2016 - 16:24

31 илјада барања за десет години добила Комисјата за заштита на правото за слободен пристап до информации

Поднесени 31 илјада барања за слободен пристап до информации од јавен карактер, огранизирани над 150 обуки со повеќе од 2400 учесници, потпишани голем број на меѓународни договори.

Ова се само дел од достигнувањата на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап на информации од јавен карактер во нејзиното 10-годишно постоење.

Комисијата е самостојна и независна во вршење на работите определени со Закон.

Составена е од 5 члена,претседател, заменик и три члена кои ги именува Собранието на Република Македонија со мандат од 5 години и се со право на повторен избор.