Македонија
10. May 2021 - 16:52

30 деца од градинка во Куманово побарале лекарска помош со симптоми на труење

30 деца од градинката Ангел Шајче во Куманово од градинка се вратиле дома со симптоми на труење. Поради повраќање, пролив, температура побарале помош во   ургентниот центар  кумановската општа болница а три од нив се задржани на лекување. За сега се во добра состојба, другите добиле терапија за лекување од дома. За симптомите пријавиле  во градинката викендов по што директорката ги известила ДСЗИ и превентивно ја затворила кујната.

Од ДСЗИ информираат дека труењето настанало минатиот четврток кога неколку дечиња се пожалиле на истите симптоми. Заедно со инспектор на АХВ и епидемиолог извршен е надзор на занималните во кои престојувале децата и кујната каде се подготвувала храната. Со службена лента од санитарната инспекција се затворени кујната и занималните. Во кујната дневно биле подготвувани 350 оброци за деца во три објекти.

 Од страна на ДСЗИ при надзорот во кујната и останатите помошни простории констатирана е фактичката состојба во однос на хигиената на просторот и опремата, извршена ДДД и санитарни прегледи на вработените и земени се 7 брисеви од нежива средна и еден од вработен. Во тек е надзор и на другите два објекти каде се дистрибуирала храна од оваа кујна.

Не е утврдено што точно консумирале децата минатата недела. Останатите деца кои се сместени во другите објекти од градинката, ќе добиваат храна од втората кујна.