Македонија
23. February 2020 - 20:09

3 деца загинаа, а 7 лица се тешко повредени од експлозија на плинска боца во Романовце

Три дечиња на возраст од 8, 9 и 11 години загинаа, а седум лица се потешко повредени при експлозија на плинска боца во кумановското село Романовце. Локалното население веднаш притрчало на помош, но не можеле да ги спасат трите деца.

По експлозијата избил и пожар, но биз изгаснат за брзо време. Инвервенирале четворица пожарникари со едно возило.

Мештаните велат дека не паметат поголема трагедија во селото

Заемник министерот за внатрешни работи кој дојде во Романовце рече дека институциите ќе му помогнат на семејството Аљими.

Сите седум повредени имаат тешки повреди. Четворица од нив се во критична состојба и се префрлени на скопските клиники. Двајца се на КАРИЛ, двајца на Пластика.

Децата кои настрадаа не живееле во Романовце, туку биле на гости кај својот дедо.