Македонија
20. May 2022 - 12:39

28 годишник со својот автомобил удрил во малолетен пешак во скопско Трубарево

На 19.05.2022 во 18.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „3“ во с.Трубарево, скопско, патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ј. (28) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ - Скопја. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.