Loading Video...
Ракомет
28. April 2020 - 16:31

25.000 евра „утеха“ за Вардар од ЕХФ

 
Европската ракометна федерација (ЕХФ), со скромна сума на пари ќе се обиде да им даде утеха на клубовите кои обезбедија пласман во разигрувањето во Лигата на шампионите, но нема да имаат можност да се борат за самата завршница. 
 
Откако ЕХФ ја откажа осминафиналната и четвртфиналната рунда и директно ги промовира четирите тима кои на крајот на годината ќе играат на завфшниот Ф4 турнир во Келн, сега на останатите екипи ќе „им помага“ со по 25.000 евра. 
 
Ова е сумата која ЕХФ ќе им ја плати на Вардар, Флензбург, Киелце, Целје Пивоварна Лашко, Висла Плок, Алборг, Порто и Монпелје, како надомест за „неправдата“ пред се на актуелниот европски шампион Вардар, да му ја ускрати можноста да ја брани титулата освоена лани.