Loading Video...
Свет
4. May 2021 - 12:31

23 загинати и 65 хоспитализирани лица по уривање на мост на метро линија во Мексико Сити додека минувал воз

Најмалку 23 лица загинаа, а 65 се хоспитализирани кога се урна мост на една метро линија во Мексико Сити додека минуваше воз.

Властите ги истражуваат причините и според досегашните докази најверојатно станува збор за неправилности при изградбата. Градоначалничката на Мексико Сити Клаудија Шинбаум рече дека спасувањето е суспендирано бидејќи структурата на градбата е многу слаба.Едно лице кое беше заробено во својот автомобил под остатоците беше спасено и пренесено во болница. Седум од луѓето пренесени во болницзагинатите, рече градоначалничката Шинбаум.

Линијата 12 што поминува над срушениот надвозник е изградена пред скоро една деценија кога актуелниот министер за надворешни работи Марсело Ебрард беше градоначалник на Мексико Сити.

Она што се случи денес е страшна трагедија. Мојата солидарност е со жртвите и нивните семејства. Секако, мора да се испитаат причините и да се дефинираат одговорностите, напиша Ебрард на Твитер.