Македонија
26. July 2021 - 10:10

204 сообраќајни прекршоци во Скопје, 118 за брзо возење

На територијата на Град Скопје во текот на вчерашниот ден при контролите на Министерството за внатрешни работи, се изречени вкупно 204 мерки, меѓу кои 118 санкции за возење со брзина поголема од дозволената, 26 за возење под дејство на алкохол, 13 за возење без возачка дозвола, шест прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли и седум за возач почетник.

– Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, истакнаа од МВР.