Македонија
20. јуни 2021 - 16:43

20.000 Македонци вакцинирани во Србија викендов

Од четвртокот до денеска на пладне 20.135 македонски граѓани ја напуштиле државата на граничниот премин Табановце. Најголемиот дел од нив заминаа во Србија за ревакцина, но имаше и такви кои одлучија викендот за прв пат да се заштитат од Ковид – 19 кај северниот сосед. Податоците од МВР покажуваат дека најголема фреквенција по околу 6.600 излези биле регистрирани во петокот и саботата. За повеќето крајна дестинација беше белградскиот саем и спортската сала Чаир во Ниш каде имаше масовна ревакцинација за жителите од регионот. Македонците задововолни од организацијата на домаќините.

По три дена пауза, здравствените власти најавија дека процесот на имунизација во земјава ќе продолжи од утре. Намалено темпо ќе има и наредната недела бидејќи следната поголема пратка околу 600.000 дози се очекуваат на крајот на јуни.

Во моментот во Македонија за прва вакцина се користат донациите со Синовак од Турција и Астра Зенека од Грција само за лицата над 60 години, како и Фајзер од каде секој понеделник испорачуваат околу 12.000 дози.