Македонија
27. January 2022 - 12:53

18-годишник од Охрид со нож го прободел својот татко

Вчера попладнето во 19:15 часот во дом во Охрид на улица Железничка дошло до семејна расправија помеѓу татко и син. Неофицијално, според извори на Телма, прво таткото го удрил синот, а потоа 18-годишниот син му возвратил на својот татко повредувајќи го со нож во пределот на телото.

Екипа на СВР-Охрид извршила увид на настанот и момчето било повикано на информативен разговор во полициската станица. Полицијата работи на расчистување на случајот.