Loading Video...
Тенис
5. јуни 2022 - 19:49

14-ти триумф на Надал на „Роланд Гарос“ вкупно 22 трофеј на Гренд-слем турнирите

Рафаел Надал го потврди епитетот „Крал на земјените“ терени на Роланд Гарос 
 
36-годишниот Шпанец по 14-ти пат во својата богата кариера триумфира на Отвореното првенство на Франција. 
 
Надал воп своето 17-то финале во Париз за само 2 часа и 20 минути го совлада Норвежанецот, Каспер Руд препуштајќи му по три гема во првите два сета, а третиот го доби со убедливи 6-0. 
 
Со триумфита на Австралија Опен и Роланд Гарос, Надал стигна до бројтата од 22 трофеи од Гренд-слем турнирите и сега има два повеќе од своите вечни ривали Новак Ѓоковиќ и Роже Федерер. 
 
Потсетување дека полската тенисерка Ига Швјонтек по втор пат во својата кариера триумфираше на отвореното прветсво на Франција. 
 
Таа вчера во финалето ја победи 18-годишната американска тенисеркла Коко Гауф со 2-0 по сетови 6-1 и 6-3, со што ја оправда улогата на прва фаворитка во Париз.