Македонија
5. јуни 2020 - 16:49

13,455 повеќе невработени во мај во споредба со март

Во мај имало 13.455 невработени повеќе споредено со март годинава. Толкава е разликата во бројот на невработени кои се запишани во Агенцијата за вработување. Во март бројката на евидентирани невработени лица изнесувала 107.732, во мај таа изнесува 121.187. Со овој раст на бројот на лица кои немаат работа се потврдува дека кризата зема се поголем замав и под последната анкета на организацијата на работодавачи покажува дека под ризик се 40.000 работни места заради корона кризата.

Бизнис заедницата веќе бара од Владата продолжување на важењето на мерките за поддршка на компаниите како и зголемување на обемот на бескаматни кредити и даночни олеснувања.  Јасно е дека првичните прогнози за завршување на кризата до јуни веќе не важат и стопанствто ќе се соочи со проблеми и во следните три месеци.

Податоците на државниот завод за статистика покажаа дека стапката на невработеност во земјава во периодот јануари март годинава била историски најниска и изнесувала 16,2%. Доколку се остварат црните сценарија на бизнисмените, ова стапка заради корона кризата ќе надмине 20%