„100 години од раѓањето на академик Ѓорѓи Филиповски“ по повод 72 години ФЗНХ
Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ) денеска го продолжува одбележувањето на 72-годишнината од своето постоење со свечена седница на Научно-наставниот совет и со презентацијата „100 години од раѓањето на академик Ѓорѓи Филиповски“.
На седницата на Советот ќе се обратат деканот на Факултетот, Вјекослав Танасковиќ и државниот секретар во Министерството за земјоделство, Нефрус Челику. За 100-годишнината од раѓањето на академик Филиповски ќе зборува професорката Татјана Миткова, но се очекува обраќање да има и Ѓорѓи Филиповски.
Одбележувањето 72 години од постоењето на ФЗНХ почна во петокот, со проектот на ФАО за застапеноста на бројлерското производство во студиските програми на универзитетите во земјава, додека во саботата беше организиран Ден за еколошка акција на ФЗНХ. За утре е предвидена 11. Смотра на студентски трудови, одбележување пет години Кариерен центар на Факултетот и презентација на списанието „Scienta iuvenis“. Во среда, пак, ќе бидат доделени дипломите на завршените студенти од првиот и вториот циклус студии.
Одбележувањето на 72-годишнината завршува во четврток со брзопотезен шаховски турнир на студенти од УКИМ, што ќе се одржи во Салата на Деканатот на ФЗНХ.
Сите настани по повод 72 години од постоењето на Факултетот за земјоделски науки и храна се посветени на 100-годишнината од раѓањето на академик Ѓорѓи Филиповски, еден од најеминентните педолози и поранешен професор на Факултетот.
Ново на Сител
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци